Кремљ соопшти дека тврдењата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека алијансата се подготвува за војна со Русија се неодговорни и покажуваат дека тој не ги разбира разорувањата предизвикани од Втората светска војна.
Руте во четвртокот во Берлин изјави дека НАТО треба „да биде подготвен за војна каква што доживеале нашите дедовци и прадедовци“, со пораката: „Ние сме следната цел на Русија“.
„Ова изгледа како изјава од генерација која успеа да заборави како навистина изгледала Втората светска војна. За жал, Руте покажува со такви неодговорни тврдења дека не знае за што зборува“, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесе Ројтерс.












