петок, февруари 27, 2026
Дома МАГАЗИН Необични тексас трендови за претстојната пролет

Необични тексас трендови за претстојната пролет

51

Оваа година, трендовите што се однесуваат на тексасот се нешто поинакви од изминатите години, но се со цел да се покаже дека никогаш не излегува овој материјал од мода. Токму модните писти секогаш се преплавени со нови трендови во кои ќе уживаме во текот на целата година. Но, она што дефинитивно е докажано е дека парчињата тексас, вклучувајќи ги и фармерките, се евергрин и секогаш ќе бидат во мода, иако малку изменети и во согласност со времето.

Фармерките со рамен крој, лежерните модели и широките ногавици се она што ќе биде во фокусот оваа година кога се фармерките во прашање. Покрај тоа што сè уште е актуелна длабоката половина, полека се враќа и трендот на плитки панталони, но и на тексас здолништа и тексас елеци, па на кој што му се допаѓа – нека избере!

Темниот, „испран“ тексас, кој беше популарен во 90-тите, се враќа во мода, а на прво место се индигосините нијанси.

Фармерките со широки ногавици и со ниска половина се, исто така, барани и одлично се прифатени од помладата генерација.

Од јакни и блејзери, преку панталони и здолништа, оваа сезона се носи сè за да се следи силуетата на телото. Затоа изберете тексас по ваша мера. Што и да изберете, нема да згрешите бидејќи дури и тексасот со дезен е популарен.

ИЗДВОЕНИ