Необичен случај во Хрватска: Маж провалил во куќа и заспал во дневната соба

35

Обид за кражба во хрватскиот град Медулин имаше бизарен епилог.

Словенечки државјанин (30) бил пронајден како спие во дневната соба од куќата во која провалил, соопшти истарската полиција.

Инцидентот се случил во раните утрински часови во саботата. Мажот прво го скршил стаклото на терасата за да влезе во куќата, а сопственикот на куќата набрзо го пронашол како спие во дневната соба и веднаш ја повикал полицијата.

Пулската полиција спроведе и заврши кривична истрага против 30-годишникот. Поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, против словенечкиот државјанин се поднесува кривична пријава до надлежното државно обвинителство во редовна постапка.

ИЗДВОЕНИ