Необичен престапник затекнат на улица во Ниш – во вир пронајден крокодил, ама препариран /видео

68

Волонтерите од Зоо Планета во Ниш добиле пријава од граѓани дека во една нишка улица се наоѓа крокодил, а при излегувањето на терен, екипата утврдила дека станува збор за препарирано животно, пишува „Јужни вести“. Тие, како што велат, ја известиле полицијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZooPlanetNis (@zooplanetnis)

Волонтерите ја известиле полицијата бидејќи според законот забрането е чување препарирани животни кои се загрозени и се наоѓаат на списокот на ЦИТЕС. Полицијата излегла на терен, спроведена е процедура и известени се надлежните институции, велат од „Зоо планета“.

Препарираното животно е преземено, додаваат од здружението, а случајот, кој се случил во саботата, е успешно решен.

 

ИЗДВОЕНИ