Необичен инцидент во Белгија: Стеници во судницата, причина за прекин на судење на криминалец во Брисел

89
Фото:википедија

Судењето на албанскиот криминалец и шверцер на дрога Франц Гергели во Брисел е прекинато за 24 часа откако стеници беа забележани во судницата.

Еден од поротниците видел стеница како му лази по раката за време на судењето, па по паузата за ручек, претседателот на судот одлучи да ја прекине седницата за да можат да се преземат мерки, објави новинската агенција „Белга“.

„Ова отиде предалеку“, рече судијката Изабел де Саделер, зборувајќи за бројните проблеми со кои се соочува правосудниот систем.

„Не сакам никого да доведам во опасност, ниту поротниците, ниту адвокатите, ниту обвинетите, никој“, додаде таа.

Судот им советуваше на сите учесници да ја перат облеката на 60 степени или да ја стават во замрзнувач.

Судењето на Гергели и осум други обвинети започна на 5 јануари, а тие се судат за убиство на човек извршено во Белгија во 2020 година, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ