Ненормално: На 23 јуни Скопјани потрошиле 147 олимписки базени со вода!

25

Топлото време ја зголеми потрошувачката на вода. ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.

Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.

– Потрошувачката е  предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени. Воедно и апелираме до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата – информираа од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Колку за споредба, ако се земе во предвид дека еден олимписки базен со димензии 50 на 25 метри и длабочина од 2 метри собира 2.500.000 литри вода, а во Скопје само тој ден се потрошиле 700 литри на човек (700 литри х 526.502 жители според Попис 2021), тогаш дневно Скопјани потрошиле околу 147 олимписки базени со вода.

Апелираат до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот
да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.

– Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за
водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје – велат од скопското водоводно претпријатие.

ИЗДВОЕНИ