Кошаркарската и спортската јавноста во Србија е завиена во црно, а причината за тоа е смртта на 38-годишниот Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на неколку балкански клубови.

Лабовиќ своевремено важеше за еден од најталентираните играчи на својата генерација, освојуваше медали со националниот тим во младите категории, а потоа настапуваше и за сениорската селекција.

Кариерата ја започна во ФМП за да потоа игра во Грција, Германија, Русија, Полска, Турција, Либан, Романија, Финска за да во завршницата заигра и во Македонија во редовите на Карпош Соколи кога овој тим беше дел од АБА лигата. Тој беше предводник, заедно со Кендрик Пери, на овој тим во нивната историска титула во Купот на Македонија.

Клубот од Карпош во таа сезона беше супер тежок противник како МЗТ Скопје во домашното првенство и за малку фалеше да го симне од тронот, но го освои Купот на Македонија за прв пат во својата историја.

Лабовиќ во последните години имаше здравствени и ментални проблеми, заврши и во психијатриска болница. Според српските медиуми, причината за прераната смрт е срцев удар.

ИЗДВОЕНИ