За време на интервјуто за британскиот весник „Гардијан“ во Маринскиот дворец во Киев, Володимир Зеленски, дојде до два прекини на електричната енергија.
Не е познато дали прекините на електричната енергија биле вистински или инсценирани.
Во интервјуто, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин наредувал „терористички напади“ врз енергетскиот систем на Украина, убивајќи цивили и оставајќи луѓе без електрична енергија и вода.
„Тој не може да создава тензии во нашето општество на кој било друг начин“, рече Зеленски.
Тој додаде дека тесно соработува со меѓународните партнери за зајакнување на одбраната на Украина од руски беспилотни летала.
На прашањето дали Европската Унија и Обединетото Кралство прават доволно за да ѝ помогнат на Украина пред зимата, Зеленски рече дека „никогаш не е доволно“ и дека ќе има доволно помош кога тоа ќе доведе до завршување на војната.












