
Богатиот клуб од Саудиска Арабија, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на нигерискиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Италија, тимот на Наполи, Виктор Осимен. Освен дека се подготвени да ја активираат ослободителната клаузула од 75 мил. евра, челниците на Ал Хилал му понудија на искусниот напаѓач годишна плата од намалку 50 мил. евра.