Немил инцидент во Италија: Германски турист исчезна во езерото Комо откако успеа да си ги спаси децата

195

Германски турист исчезна во езерото Комо во Италија откако успеа да ги спаси своите две мали деца кои паднале во вода.

Несреќата се случила во понеделник попладне на левата страна од езерото Комо, спроти градот Дорио, објавува Раи Уно, пренесува „Танјуг“.

Мажот бил на одмор со сопругата и тргнал на патување со брод од градот Донго во покраината Комо. Во еден момент, децата завршиле во водата, а таткото скокнал за да ги спаси.

Иако успеал да ги извлече од опасност, тој никогаш повеќе не се појавил на површината, а се верува дека го влечеле силните струи на езерото.

Алармот го кренале туристите кои од плажата забележале дека човекот не се вратил на површината.

Во потрагата се вклучени противпожарен хеликоптер, хидроамбуланта, поморски спасувачки тим од Белан, како и противпожарни единици и крајбрежната стража.

На местото на настанот пристигнале и нуркачи од специјалната единица Венето.

Подводен робот со далечинско управување, кој ќе пристигне од Сардинија, ќе биде употребен во среда за да се спроведе детално пребарување на дното на езерото.

ИЗДВОЕНИ