Немаше расправија со Трамп, тврдат од кабинетот на израелскиот премиер

116
EPA-EFE/SHAWN THEW

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече извештајот на NBC News во кој се тврди дека премиерот се скарал со американскиот претседател Доналд Трамп околу хуманитарната ситуација во Газа за време на телефонскиот разговор кон крајот на минатиот месец „целосно лажна вест“.

Во кратко соопштение од кабинетот се вели дека тврдењата за наводна „расправија“ меѓу Нетанјаху и Трамп се неточни, објави „Тајмс оф Израел“.

Во извештајот на NBC, цитирајќи неименувани американски претставници, се вели дека лидерите се судриле околу извештаите за глад во Газа и статусот на хуманитарната помош.

Белата куќа сè уште не ги коментирала тврдењата.

Како што објави NBC, разговорот меѓу двајцата лидери дошол откако Нетанјаху на јавен настан негираше дека има глад во Газа, тврдејќи дека „таму нема глад“, и покрај бројните извештаи за тешката ситуација.

Трамп јавно изрази сомнежи во врска со тие тврдења следниот ден, наведувајќи дека има „вистински глад“ во Газа и додавајќи дека тој не може да се „лажира“.

По коментарите на Трамп, Нетанјаху побара телефонски повик со американскиот претседател.

Жестока телефонска расправија: Трамп викал по Нетанјаху, дознава „Ен-Би-Си“

ИЗДВОЕНИ