Потрошувачката кошничка ќе остане за четиричлено семејство, а не за три како што претходно најавуваа од Владата. Според министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се направиле анализи и работна група одлучила да се остане со пресметката за четиричлено семејство.
-Државната потрошувачката кошница ќе се прави за четирилчлено семејство, не како што беше најавено за тричлено семејство. Таа е веќе подготвена и е реална во однос на месечните трошоците на семејствата. Треба да ја разгледа Економско социјалниот совет пред да се објави во јавност, информира министерот за економија Дурмиши во отчетот за една година од сработеното.
Државната потрошувачката кошничка, како што рече, Дурмиши ја прават посебни групи од повеќе министерства, а подотоците кои ќе се користат ќе бидат од релевантни институции.
-При крај е формирањето на Економско-социјалниот совет. Потрошувачката кошничка е веќе во завршна фаза. Наскоро ќе биде достапна за сите. Ќе биде добро изготвена и ќе ги даде бројките од релевантните институции. Потрошувачката кошничка ќе ги земе во предвид цените во 3-5 маркети и најповолната ќе биде преземена и ќе биде додадена. Новата кошничка ќе биде реална со реални податоци и колку е потребно едно семејство да троши за еден месец, рече тој.
Што се однесува до инфлацијата, Дурмиши рече дека Владата и министерствата за економија и земјоделство работат во насока на носење на мерки кои ќе дадат долгорочни резултати.
-Се разботи на тоа да ги подржиме нашите земјоделски производители и производителите на основните прехранбени производи, бидејќи досега немавме такви мерки. Ако ги импламентираме овие мерки ќе се намалат цените на земјоделски прехранбени производи, бидејќи истите ќе се произведуваат дома. Ние сме увозно зависна држава и речиси 80 отсто од производите ги увезуваме. Имаме капацитет и имамем можности и поради тоа треба да го поддржиме домашното производство. Во таа насока во наредниот период во маркетите ќе биде обележано кои производи се домашни, а кои увозни со цел граѓаните да купуваат домашни производи, рече Дурмиши.
Според него, дали ќе се преземат мерки како замрзнати цени и замрзнати маржи ќе се знае во наредниот период откако ќе се добие извешталот од Државниот пазарен инспекторат. Но, како што вели ако нема енормно зголемување на цените на основните прехранбени производи ќе се оди само со мерки за зголемување на производството.
Дурмиши најави и 4 нови инвестиции во индустриската зона во Тетово, но не ги откри имињата на компаниите кои ќе градат.
-За сите се водат постапки пред институциите пред да пчнат да е градат. Само една од нив ќе вработи до 600 луѓе, втората до 250 и така натаму. Но, ќе нформираме кога постапките за почеток а градба ќе бидат завршени – рече Дурмиши.
Тој информира дека лани само компанијата „Кил“ во својата инвестиција во оаа зона отвори 250 работни места.
(А.С.)