Нема веќе пари за Украина

89

САД повеќе не трошат пари за Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите на церемонијата по повод потпишувањето на серија извршни наредби во Белата куќа.

„Не ѝ даваме пари на Украина. Во моментов не губиме пари. Сега продаваме оружје на НАТО затоа што Алијансата, благодарение на мене, се согласи да ги зголеми своите (одбранбени) трошоци за 5 проценти“, рече американскиот лидер, пренесе Спутник.

Според него, деталите за „безбедносните гаранции“ за Киев сè уште не се дискутирани.

„Не знаеме какви ќе бидат безбедносните гаранции затоа што не сме ги разговарале деталите. Ќе видиме“, нагласи Трамп.

Трамп истакна дека верува оти Европа ќе ѝ обезбеди на Украина „значајни безбедносни гаранции“ и дека САД ќе бидат вклучени како „поддршка“.

Претседателот нагласи дека доколку се постигне решение, ова прашање нема да биде проблем.

Дополнително, американскиот лидер оцени дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска ја покажува неговата посветеност на решавањето на конфликтот во Украина.

„Мислам дека фактот што тој дојде во Алјаска, во нашата земја, е сериозен показател дека сака да го постигне ова (решавање на конфликтот). Не му беше лесно да дојде на Алјаска“, нагласи шефот на Белата куќа.

Трамп, исто така, изрази увереност дека ќе може да ги запре борбите во Украина.

„На крајот ќе го запреме конфликтот“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Тој истакна дека првично, кога ја презеде функцијата шеф на Белата куќа, мислел дека овој конфликт ќе биде најлесен за решавање, „но се покажа како голем судир на личности“.

ИЗДВОЕНИ