понеделник, март 2, 2026
Дома СВЕТ „Нема технички пречки“; Орбан: Зеленски веднаш да ги продолжи испораките на нафта...

„Нема технички пречки“; Орбан: Зеленски веднаш да ги продолжи испораките на нафта преку „Дружба“

41
EPA/HUNGARIAN PM'S GENERAL COMMUNICATION DEPARTMENT HANDOUT HUNGARY OUTHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека врз основа на достапните сателитски снимки и оперативните податоци, јасно е дека нема технички пречки за работата на нафтоводот „Дружба“ и го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш да ги продолжи испораките на нафта.

Тој го изјави ова на состанокот за национална безбедност, а откако доби детален извештај за нападот врз нафтоводот „Дружба“ и неговата состојба, објавува унгарскиот „Немзет“. Тој во видео порака на својата Фејсбук страница изјави дека е утврдено дека нападот не влијаел директно на нафтоводот и дека затоа нема техничка пречка за негово рестартирање. Тој додаде дека поврзаните сателитски снимки ќе бидат достапни за сите.

– Уште еднаш го повикуваме претседателот Зеленски да го рестартира нафтоводот „Дружба“ и да им дозволи на унгарските и словачките инспектори да влезат за да го разјаснат спорното прашање. Ќе продолжиме со нашите контрамерки сè додека Украинците не ги продолжат испораките на нафта. Она што го прави Зеленски е едноставно уценување на Унгарија, но Унгарија нема да се откаже и ние ќе ја прекинеме блокадата на нафтата – рече Орбан.

ИЗДВОЕНИ