среда, јануари 21, 2026
Дома МАГАЗИН Нема раат за принцот Хари: Нови обвинувања на негова сметка -наводно лажно...

Нема раат за принцот Хари: Нови обвинувања на негова сметка -наводно лажно се претставувал како „г-дин Палав“ на Фејсбук

92
epa12367273 Britain's Prince Harry arrives to visit the Center for Blast Injury Studies at Imperial College in London, Britain, 10 September 2025. The visit is part of a series of engagements during Prince Harry's four-day trip to the UK. EPA/NEIL HALL

Британскиот принц Хари, војводата од Сасекс, се соочи со обвинувања дека имал таен профил на „Фејсбук“ каде што се претставувал како „г-дин Палав“, објавија денес британските медиуми.

За време на вкрстеното испрашување на суд, војводата од Сасекс се соочи со обвинувања од адвокатот што ја претставуваше компанијата „Асошиејете њуз лимитед“ (Associated Newspapers Limited (ANL),) која е сопственик на Mail on Sunday, дека ја користел сметката за да контактира со Шарлот Грифитс, новинарка во таблоидот, објавува GBNews.

Адвокатот на „АНЛ“ тврди дека новинарката Шарлот Грифитс била дел од социјалниот круг на војводата од Сасекс, дека Хари ја користел платформата за размена на пријателски пораки со Грифитс и дека ѝ го дал својот број на мобилен телефон.

Принцот Хари силно ги негираше обвинувањата и негираше дека „некогаш го користел името г-дин Неути“, велејќи дека не е сигурен дали имало каква било комуникација на „Фејсбук“ со Грифитс.

Војводата од Сасекс е дел од група познати личности кои поднеле тужби против ANL, меѓу кои се Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, бароницата Дорин Лоренс, Сер Сајмон Хјуз, Сејди Фрост и Лиз Харли.

Тие тврдат дека компанијата се вклучила во нелегални методи за добивање информации, како што се пресретнување телефонски повици и измама на поединци за пристап до приватни записи, објавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ