Нема проток на сообраќај на Евзони-Богородица

29

Сообраќајот на ГП Богородица (ГП Евзони) од 17 часот е повторно во прекин, соопшти попладнево Автомотосојузот на Македонија.

Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни периоди од денот е блокиран за сообраќај.

Како што претходно информираше АМСМ, сообраќајот на ГП Евзони денеска беше блокиран во 11 часот, нормализиран во 15 часот, а од 17 часот е повторно во прекин.

ИЗДВОЕНИ