Силна емотивна баладa која допира длабоко до сите сетила, а во неа се раскажува за љубов која не познава и признава граници. Затоа и ниту има правила! Комплетен автор на песната е Столе Аврамов, долгогодишен соработник на згодната Наташа
Наташа Малинкова е позната македонска пејачка, а во овие веќе летни денови публиката ја освежува и тоа мошне добро со новата песна „Нема правила“. Станува збор за силна емотивна баладa која допира длабоко до сите сетила, а во неа се раскажува за љубов која не познава и не признава граници. Затоа и ниту има правила! Комплетен автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио “Аврамов рекордс“ и е снимена оваа балада
„„Нема правила“ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку, вели згодната Наташа
А, за нераскинлив дел од својот живот таа го смета своето родно Кавадарци: – Кавадарци е мојот корен, мојата душа. Град кој не би го заменила за ниту еден друг на овој свет. Во саканото Кавадарци научив како се пие виното, како се пее од срце и како се љуби во овој еден живот. Реприза нема!
Видеото, за песната е со потписот на “351 Студио“ – совршена екипа која повеќе од една деценија е посветена на ваквите музички одлично спакувани производи. Оваа новата летна тема со Наташа секако дека може да нѐ размрда, да нѐ потсети дека и во миговите кога сме нерасположени или, што се вели ‘не ни е денот’. Убава музика и мислата дека после дождот секогаш доаѓа сонце. Со се памтење на среќните денови.