На амандманската расправа за предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година, пратениците го одбија амандманот што го предложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, а со кој се бараше да се обезбедат средства за изработка на студија за валоризација на подрачјето на планината Огражден.

Од Левица велат дека целта на студијата била да се поведе формална постапка за прогласување на Огражден за заштитено подрачје – чекор што би ставил траен штит од опасноста што демне од најавените рудници со отворен коп за металични минерали, кои народот веќе ги нарече „рудници на смртта“.

– Во својот говор, Јанчев сликовито ја опиша катастрофата што би можела да го снајде целиот регион: загадени воздух, вода и почва, труење на над 70 живи села во Струмичката Котлина и можност за невидена трагедија ако се реализира планот за изградба на светски невидена брана висока 276 метри за хидројаловиште, кое е композит од отрови и на трусно подрачје. Еден малку посилен земјотрес – и целата котлина ќе биде затрупана со отрови и не ќе може да се санира тоа илјада години – предупреди тој.

ИЗДВОЕНИ