Нема опасност од излевање на реките по обилните врнежи од дожд, потврдија од ЦУК

69

Во Охридскиот регион по обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и останати ЈП од општината.

Локалната самоупрва кризен штаб Охрид со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул. „Железничка“, „Ариф Мустафа“, „Аџи Мустафа“, „Лескајца“, „Долно Лакочереј“ и во други делови од грдот во помал обем. Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми, наведува ЦУК.

„На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките. Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање“,

Во текот на денот, екипа на „Македонија пат“ интервенирала на отстранување на одрони на камења кај м.в. Чатал и отстранување на градежен материјал од стара напуштена куќа од една коловозна лента во с. Шлегово на патен правец Страцин-Пробиштип.

Исто така, додаваат од ЦУК, на територија на Општина Кратово нема обилни врнежи од дожд. Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен.

„Во Охридскиот регион по обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и останати ЈП од општината. Локалната самоуправа со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул. Железничка, Ариф Мустафа, Аџи Мустафа, Лескајца, Долно Лакочереј и во други делови од градот во помал обем. Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд, но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми“.

ИЗДВОЕНИ