И покрај притисокот од некои поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп да се додаде неговиот лик на планината Рашмор, експертите велат дека физичките ограничувања на споменикот спречуваат каква било нова резба.
Уште во 1936 година, главниот скулптор Гуцон Борглум предупреди дека каменот не е погоден за додавање на петта глава, факт што го потврдуваат и современите инженери, објавува NBC News.
„Едноставно не е можно. Секоја нова резба би можела да ги загрози постојните пукнатини“, рече Пол Нелсон, пензиониран инженер кој работел на надзорот на карпестиот споменик.
Иако републиканските конгресмени предложија закон со кој Трамп би се додал на споменикот, Службата за национални паркови одби да коментира за предлогот, објави Танјуг.
Слични иницијативи постоеле и претходно – по смртта на поранешниот претседател Роналд Реган или за време на поранешната прва дама Елеонор Рузвелт, која се залагаше за вклучување на суфражетката Сузан Б. Ентони, но предлозите беа одбиени од истите причини.
„Големата уметност не се менува. Прекрасно е да се шпекулира, но не може да се направи“, рече поранешниот надзорник на споменикот Ден Венк.