Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека нема никакво истекување на линдан од ОХИС, уверувајќи дека процесот на негово чистење се одвива континуирано и безбедно. Оттаму информираат дека на 22 октомври, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор на локацијата, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан, ниту други нарушувања на безбедноста.

Малата депонија со линдан и контаминирана земја се чисти веќе неколку години, а паралелно се бараат најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големата депонија.

– МЖСПП останува целосно посветено на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности, со единствена цел, создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани – се наведува во соопштението.

ИЗДВОЕНИ