Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека без директен контакт со лидерот на Руската Федерација, Владимир Путин, нема да биде можно да се решат територијалните прашања во рамките на преговорите.

Зеленски рече дека Украина е отворена за средби во кој било формат со Русија и Соединетите Американски Држави.

„Би сакале Европа да биде присутна во некоја фаза од овие преговори, бидејќи дел од нашите безбедносни гаранции е членството во Европската Унија, како и коалицијата на решителните“, истакна тој.
„Но, пред сè, важно е да се состануваме тројца. Најмалку што е потребно е да имаме можност за контакт со шефот на руската држава во еден или друг формат. Без тој формат, нашите тимови нема да можат да се договорат за територијалните прашања“, рече Зеленски.

Потоа Зеленски повторно ги спомена „болните прашања“ поврзани со територијалниот интегритет како дел од планот од 20 точки за завршување на војната.
„Сакам да нагласам дека не мислам дека овие прашања можат да ги реши никој друг освен шефовите на државите“, додаде тој.

Нова рунда преговори
На 30 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека гледа шанса за успех во преговорите за завршување на руско-украинската војна.

Нова рунда преговори за потенцијален мировен договор меѓу Русија и Украина е најавена за 1 февруари. Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, нема да учествуваат, но дека учеството на САД е „веројатно“.

ИЗДВОЕНИ