
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, потврди дека е прашање само на време кога ќе биде откупен договорот на данскиот интернационалец Расмус Хојлунд кој настапува за „азурите“ како позајмен фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед. За едногодишната позајмица „црвените ѓаволи“ одвоија 6 мил. евра, а договорот на младиот напаѓач ќе се откупи со понуда не помала од 45 мил. евра.











