Пензионерите ќе добијат ново линеарно зголемување со мартовската пензија од 1.000 денари.

– Во април, со мартовската пензија ќе има линеарно зголемување на пензиите, така што продолжуваме со таа политика.Ссо интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари и нема да има пензија под 15 илјади денари – вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека 150 илјади пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12 илјади денари.

– Од вкупно 330 илјади пензионери, 150 илјади беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7 илјади денари линеарно зголемување немаат пензија под 15 илјади денари, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока – истакна Мицкоски.

 

 

ИЗДВОЕНИ