петок, јануари 30, 2026
Дома СКОПСКА Нема да биде во функција плаќањето билет за едно возење преку бројот...

Нема да биде во функција плаќањето билет за едно возење преку бројот 185, со СМС-порака за користење на ноќните линии

317

Од јавното с  ообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) информираат дека почнувајќи од утре на полноќ, нема да биде во функција плаќањето билет за едно возење преку бројот 185, со СМС-порака за користење на ноќните линии.

Притоа, потсетуваат дека согласно со одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 година, билетите за бесплатно користење јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите линии (градски и приградски) во период од 5:00 до 24:00 часот – не важат за користење на ноќните линии.

– Користењето јавен превоз на ноќните линии од 00:00 до 5:00 часот важи со валидирање/купување ноќен хартиен билет за едно возење, кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот – известуваат  од ЈСП.

 

ИЗДВОЕНИ