Нема абер од почитување на сообраќајните правила: 148 возеле без дозвола

38

Нема абер за подобрување на почитувањето на правилата во сообраќајот. Изминатиот викенд, во рамките на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници во земјава, од вкупно 1.711 издадени платни налози, дури 828 прекршоци биле за брзо возење. Истовремено, детектирани се 148-мина возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80-мина возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќајот, додека, пак, 70-мина возачи на мотоцикли се санкционирани поради неносење заштитна кацига.

Покрај ова, изречени се 184 прекршоци за недозволено, односно неправилно паркирање, додека, пак, прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 поради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11-мина пешаци.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – пишува во апелот на МВР.

 

ИЗДВОЕНИ