Во пресрет на почетокот на новата учебна година, во спортската сала „Марко Божиновски“ и на спортското игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ целосно се заменуваат подовите со нова нелизгачка спортска подлогa.
Од Општина Аеродром велат дека целта на оваа активност е да се подобри спортската инфраструктура и да се создадат побезбедни услови за спортување на учениците во Ново Лисиче.
– Со инвестициите во спортската инфраструктура, обезбедуваме подобри и побезбедни услови за нашите ученици и млади спортисти. Верувам дека новите сали ќе бидат место каде што ќе се раѓаат нови успеси и спортски пријателства. Нашите деца заслужуваат најдобри услови за спорт – изјави в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.