Нела Манческа македонска претставничка на Детската Eвровизија во Грузија

42

Иако е сè уште далеку 13 декември, сепак пополека подготвувајте ги дланките за силен аплауз што ќе биде наменет за 13-годишната Македонка Нела Манческа од Скопје.

Нела е македонски претставник на овогодишната Детска песна на Евровизија, која ќе се одржи во Грузија, во нивната метропола Тбилиси. Стопроцентно сме сигурни дека нашата многу симпатична Нела ќе приреди магија на сцената, а со тоа ќе освои многу поени кои ќе и овозможат ако не победа, сигурно некое од првите пет места. Тоа е нашата скромна прогноза, па останува да видиме.

Евровизискиот тим со Нела работи совесно и детално. Со огромна желба Македонија да се  прикаже во најдоброто издание. Деновиве пристигаат повеќе детали за настапот, за самата песна, за сценскиот концепт и за нејзиниот имиџ во Тбилиси.   (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ