„Некорумпиран“ министер во Тирана“: Бот генериран од вештачка интелигенција е нов член на кабинетот на Рама

22

Албанскиот премиер Еди Рама во четвртокот го претстави новиот член на својот кабинет, бот генериран од вештачка интелигенција.

Нејзиното име е Диела, што на албански значи „сонце“, и таа ќе биде задолжена за управување и доделување на сите јавни тендери на кои владата потпишува договори со приватни компании за разни проекти, објавува Ројтерс.

„Диела е првиот член на кабинетот кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден од вештачка интелигенција. Таа ќе ѝ помогне на Албанија да стане земја каде што јавните тендери се 100 проценти ослободени од корупција“, рече Рама.

Владата не даде детали за тоа каков вид човечки надзор може да има за Диела, ниту пак се осврна на ризиците дека некој може да манипулира со ботот со вештачка интелигенција.

Диела првично беше лансирана претходно оваа година како виртуелен асистент управуван од вештачка интелигенција на платформата e-Albania, помагајќи им на граѓаните и бизнисите да добијат владини документи.

Облечена во традиционална албанска облека, таа обезбедува помош преку гласовни команди и издава документи со електронски печати, намалувајќи ги бирократските доцнења.

ИЗДВОЕНИ