недела, јули 5, 2026
Дома МАГАЗИН Неколкуминутен стрес за нацијата: Британска радио станица по грешка објави дека кралот...

Неколкуминутен стрес за нацијата: Британска радио станица по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал

42

Британската радио станица Каролина, која погрешно објави дека кралот Чарлс Трети починал, се извини за „секоја предизвикана вознемиреност“.

„Радио Каролина“ во Есекс соопшти дека „компјутерска грешка“ во нејзиното главно студио довела до погрешното соопштение во вторник попладне, објави „Скај њуз“.

Во објава на социјалните мрежи, менаџерот на станицата, Питер Мур, напиша:

„Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, протоколот за смртта на монархот, кој сите британски станици го чуваат во режим на подготвеност со надеж дека нема да биде потребен, беше случајно активиран во вторник попладне (19 мај), погрешно објавувајќи дека кралот починал. „Радио Каролина“ потоа остана немо, во согласност со протоколот, што нè предупреди да ја вратиме програмата и да се извиниме во живо. Каролина со задоволство ја емитуваше божиќната порака на Нејзиното Височество Кралицата, а сега и на кралот, и се надеваме дека тоа ќе го правиме уште многу години. Им се извинуваме на кралот и на нашите слушатели за каква било вознемиреност што ја предизвикавме.“

Инцидентот се случи на првиот ден од посетата на кралот и кралицата на Северна Ирска.

Како дел од тридневното патување, Чарлс и Камила отпатуваа во градот Њукасл во Северна Ирска во среда, каде што кралот се шегуваше со жителите откако птичји измет му падна на јакната.

Радио Каролин, со седиште во Малдон, е основано во 1964 година и, според неговата веб-страница и профилите на социјалните мрежи, некогаш било пиратска радио станица.

ИЗДВОЕНИ