Повеќечасовен пад на „Клаудфлер“ предизвика хаос кај дел од глобалната Интернет мрежа: Веб-страниците се повторно фунционални

358

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работеа или работеа со чести прекини поради технички проблем во Клаудфлер (Cloudflare), проблем што беше почувствуван и кај нас.

За среќа, глобалниот хаос од попладнево е решен и пристапот до веб-страниците повторно функционера.

Инаку, првиот сигнал за нарушување се појави околу 6:40 а.м. EST кога многу корисници пријавија грешки „500 Internal Server Error“ при обид да пристапат до различни веб-сервиси. Во прекинот се погодени многу големи платформи: „Икс“ (поранешно Twitter), ChatGPT на OpenAI, Spotify, Canva и други.

Сите оние страници и апликации што се потпираат на „Клаудфлер“ за DNS, CDN или безбедносни услуги, се соочија со непристапност или сериозно забавување.

Посетителите на веб-страниците пријавуваа грешка која укажува дека проблемите на „Клаудфлер“ значат дека страницата не може да се отвори.

„Клаудфлер“ е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади и подобрување на безбедноста и перформансите на веб-страниците. Преку својата широка глобална мрежа, таа овозможува брзо вчитување на содржините и ги штити корисниците и компаниите од различни онлајн закани. Накратко, „Клаудфлер“ делува како штит и акцелератор помеѓу корисникот и серверот на веб-страницата.

Компанијата соопшти дека знае за проблемот и истражува проблем кој потенцијално влијае на повеќе клиенти“.

Експертите предупредуваат дека ваквите падови ја изложуваат ранливоста на глобалната интернет инфраструктура — мал број компании управуваат со огромен дел од интернет-содржината, што значи дека кога една од нив има проблем, ефектот е масовен објави.

ИЗДВОЕНИ