Кевин Дурант ќе го напушти Феникс, а неговиот агент веќе преговара со неколку франшизи од најсилната кошаркарска лига во светот. Меѓу клубовите кои се заинтересирани да ја доведат големата НБА-ѕвезда се Сан Антонио, Хјустон, Мајами, Минесота и Њујорк. Се вели дека Спарси се најголемите кандидати за неговото доведување, нудејќи драфт-пикови и млади таленти како Стефон Касл, најдобриот „руки“ оваа сезона. Дурант би можел да формира импозантен напад во комбинација со 224-сантиметри високите Виктор Вембањама и Де’Арон Фокс.
Во 2014 година, Дурант беше МВП на НБА, а е и двократен шампион (2017, 2018). Тој се појави на Ол-стар натпреварите петнаесет пати, беше најдобар стрелец во лигата четири пати, а минатата сезона играше со просек од 26,6 поени, шест скока и 4,2 асистенции.