Без сомнение дека нè очекува многу возбудливо и квалитетно Европско првенство во кошарка. Секако би било уште посилно ако одредени играчи не се соочија со повреда или некоја неочекувана одлука.
На хартија, Французите се значајно ослабени бидејќи нивната центарска линија е практично „осакатена“ со отсуството на Виктор Вембанама. Центарот на Сан Антонио не е на теренот од февруари, кога му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза, што го принуди да ја заврши сезоната.
Вембањама закрепна од тоа, но се проценува дека играњето на Европското првенство би било премногу ризично. Затоа еден од најдобрите центри во светот нема да игра на Евробаскетот, а покрај него, Французите не можат да сметаат ниту на повредените Матијас Лесор, Винсент Појрие и Руди Гобер, кој отсуствува од лични причини.
Каков тандем би имале Литванците под кошот Јонас Валанчиунас – Домантас Сабонис. Сепак, тоа ќе остане само сон за кошаркарската нација. На играчот на Сакраменто Кингс му се роди третото дете ова лето и сакаше да му се посвети на своето семејство. Покрај личните причини, постојат и мали повреди што го мачат Литванецот, кој одлучи да го земе летото како одмор и да не вложува никаков дополнителен напор.
Германците се веќе многу силни. Светските шампиони доаѓаат на Европското првенство како еден од фаворитите за златниот медал, што би било уште поизразено доколку можеа да сметаат на Мориц Вагнер. Асот на Орландо Меџик минатата сезона доживеа сериозна повреда на коленото, од која сè уште закрепнува, и беше невозможно да игра на Европското првенство ова лето. Ова е огромен хендикеп за „панцерите“.
Италијанците долго време се обидуваат да обезбедат пасош за натурализиран играч и, на крајот, успеаја во намерата. Претходно, корпа добија од Паоло Банкеро, кој реши дека сака да го носи дресот на САД, но на ова ЕП ќе ја имаат помошта од Дариус Томпсон.