Некој сака да направи естрада од случајот со Аца Лукас, смета Мицкоски

47

Прашан како ги коментира обвинувањата за наводна вмешаност во апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски смета дека некој сака да прави естрада од тоа или да ја пренесе однадвор.

„Јас не ни знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат пред неколку дена, мислам дека тогаш се случило. Претпоставувам дека некој сака да направи естрада од тоа што таму се случило и да ја пренесе тука, но мислам дека не треба да му се посветува многу внимание на ова“, рече Мицкоски.

Додаде дека законите и правилата се јасни и дека секој мора да ги почитува. „Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип естрадни уметници и нивните менаџери“, нагласи премиерот.

Српскиот турбофолкер Аца Лукас во саботата, околу полноќ, беше приведен од полицијата во Кавадарци за време на настапот во кафе барот „Рома“, со образложение дека не го пријавил својот престој, во клубот за време на настапот имало 700 наместо 200 гости и по повеќечасовно задржување во кавадаречката полиција судијата му одредил прекршочна казна.

ИЗДВОЕНИ