Опасноста од огромно свлечиште каде што се изградени двете нови згради на главната улица „Коце Металец“ ги вознемири жителите на населбата Железара. Тие повеќе пати пријавувале во Општина Гази Баба, но засега оттаму немало никаква реакција.

– Веќе подолго време зградата кај казиното има свлечиште и паркингот со последните врнежи има пропаднато најмалку еден метар со тенденција да оди уште подолу – вели тој.

Жителите ги повикаа надлежните што поскоро да реагираат и да интервенираат на оваа локација, каде што според фотографиите, доколку не се постави некаков вид потпора, уште повеќе би пропаднал паркингот, а со тоа и станарите од зградата би биле во огромна опасност, земајќи предвид дека зад зградата нема ништо освен стрмна надолнина

Опасноста од огромно свлечиште каде што се изградени двете нови згради на главната улица „Коце Металец“ ги вознемири жителите на населбата Железара. Тие повеќе пати пријавувале во Општина Гази Баба, но засега оттаму немало никаква реакција.

Жителите се гневни и загрижени за безбедноста и реагираат на социјалните мрежи.

– Кога се гради неконтролирано што да се очекува друго? Нека голтаат они пари, ние ќе голтаме земја – коментира жителка на Железара.

Друг жител, пак, упати апел до Општина Гази Баба и до градоначалникот Бобан Стефковски дека како што вели, состојбата помеѓу зградата на Елена Лука и зградата на „Два брата градители“, во која е сместено казиното „Сенатор“, е повеќе од алармантна.

– Веќе подолго време зградата кај казиното има свлечиште и паркингот со последните врнежи има пропаднато најмалку еден метар со тенденција да оди уште подолу – вели тој.

При тоа, ги повика надлежните што поскоро да реагираат и да интервенираат на оваа локација, каде што според фотографиите, доколку не се постави некаков вид потпора, уште повеќе би пропаднал паркингот, а со тоа и станарите од зградата би биле во огромна опасност, земајќи предвид дека зад зградата нема ништо освен стрмна надолнина.

– Не знам колку е точно, дојдов до информација дека зградата кај казиното нема шипови, па затоа во најкраток рок треба Општина Гази Баба да интервенира и да стави потпорен ѕид за да би се спречило понатамошно лизгање на земјиштето, а со тоа и на паркингот, па и на зградата. Инаку, само да информирам, Општината има обврска да направи потпорен ѕид затоа што се обврзала со договор, а богами и двете згради ѝ имаат уплатено комуналии за таа намена и тоа не се малку пари. Поздрав до Општината и до градоначалникот, добро е да се позанимаваат малку повеќе со оваа проблематика, да не биде доцна – додава тој.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека досега немаат евидентирано пријава за потенцијална опасност од свлечиште во населбата Железара преку единстениот број за итни слуаи 112.

– Согласно воспоставените процедури, сите информации за ризици и опасности се примаат, процесуираат по нивна официјална пријава- вели директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Тој упати апел доколку граѓаните забележат појава која претставува ризик по безбедноста на луѓето, имотот или инфраструктурата, веднаш да ја пријават на бројот 112. Навременото пријавување овозможува брза реакција и координирано постапување на надлежните институции.

– ЦУК ја следи состојбата на терен и по добивање на соодветни информации, ќе преземе мерки во рамки на своите надлежности – заклучи Али.

За сега нема реакции од надлежните институции, ниту за свлечиштето во близина на улицата „Белградска“ и „Партенија Зографски“, на Водно, за што беше свикан итен состанок во ЦУК на 27 ноември годинава.

На тој состанок, беше договорено заедничко координирано дејствување и засилен надзор на институциите, како и да се изработи ургентен план, со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето. Исто така, заклучоците од координативниот состанок требаше да бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување и со барање за итно преземање мерки за обезбедување технички и правни услови за санација на свлечиштето и регулирање на атмосферските води. Од Општина Центар тогаш истакнаа дека нивните стручните служби посочиле оти за стабилизација на свлечиштето мора да се изгради потпорен ѕид. Меѓутоа, оттаму рекоа, бидејќи локацијата се наоѓа на приватен имот, ниту една институција, вклучително и Општина Центар, не смее да спроведе такви активности без соодветна одлука од Владата. За тоа до каде е со реализирање на сето она што било договорени, нема известување од ниту една од надлежните институции.             (А.П.)

ИЗДВОЕНИ