Некогашен угостител во Штип, сега зависник од алкохол и коцка ја уби мајка си!

89

Педесет и тригодишниот С.З. од Штип, кој вчера ја уби сопствената мајка, е некогашен познат угостител, пренесе ТВ Стар. Тој, како што објави телевизијата е регистриран како алкохоличар – зависник.

Убиството тој го извршил синоќа во семејниот дом во агресивна состојба, тој со нож неколку пати ја прободел својата мајка, во инцидент кој не бил прв. До сега физичко насилство тој покажувал многупати поради што и бил предходно пријавуван во полицијата.

Неговите најблиски секогаш и во последен момент ја повлекувале пријавата надевајќи се дека тој ќе се излечи од зависноста од алкохол. Освен алкохолот С.З. за порок ја имал и коцката поради што постојано од најблиските барал и инсистирал на пари. Предходно, пред да западне во алкохолна криза, С.З. бил познат угостител во Штип.

ИЗДВОЕНИ