недела, октомври 4, 2026
Дома СВЕТ Неизвесна изборна трка во Бразил: Граѓаните бираат меѓу Лула и Болсонаро

Неизвесна изборна трка во Бразил: Граѓаните бираат меѓу Лула и Болсонаро

0
Фото: EPA/ANDRE BORGES

Кандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 отсто од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.

Во меѓувреме, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 отсто, според најновата анкета на институтот „Кваест“ (Quaest), објавена пред гласањето.

Разликата од еден процентен поен е во рамките на маргината на грешка од два процентни поени, што ги става двајцата кандидати во состојба на статистичка израмнетост, пренесува порталот „Глобо“.

Според анкетата, Аугусто Кури, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо го делат третото место со по три отсто од гласовите.

Резултатите укажуваат на високо ниво на неизвесност пред првиот круг и на голема веројатност дека за претседателската функција во Бразил ќе се одлучува во вториот круг меѓу Лула и Флавио Болсонаро, пренесува бразилскиот портал.

Кога се земаат предвид и гласачите кои се одлучиле и оние кои сè уште не се одлучиле, Лула ужива поддршка од 40 отсто, додека Флавио Болсонаро има 38 отсто. Кајадо, Сантос и Кури имаат по три отсто.

Истражувањето е спроведено на 2 и 3 октомври врз примерок од 3.702 гласачи на возраст од 16 години и постари. Маргината на грешка изнесува два процентни поени, со ниво на доверба од 95 отсто, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ