Неимар се враќа во Европа, доаѓа во Премиер лигата?

233
epa10203121 Neymar Jr of Brazil reacts during the International Friendly soccer match between Brazil and Ghana in Le Havre, France, 23 September 2022 (issued 24 September 2022). EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Манчестер Јунајтед би можел да го изненади фудбалскиот свет ако го реализира најавениот трансфер. Според некои извештаи, бразилската суперѕвезда Неимар би можела да се пресели во Англија и да донесе значителен поттик за тимот од „Олд Трафорд“. Исто така, се поставува прашањето дали 33-годишниот Бразилец, по серијата повреди во последните сезони, е подготвен за предизвиците на Премиер лигата.

Неимар, најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил (79 гола на 128 натпревари), моментално игра за својот роден Сантос. И покрај болката и советите од лекарите, тој прави сѐ што може за да го спаси клубот од испаѓање. Тој се врати во Бразил во јануари откако го раскина договорот со Ал-Хилал од Саудиска Арабија и помина низ долг период на рехабилитација поради повреда на лигаментите на коленото.

Со оглед на тоа што неговиот договор истекува на почетокот на 2026 година, се зголемуваат шпекулациите за неговата следна дестинација. Покрај претходно споменатата опција во Англија, се споменува и американската МЛС лига. Постојат шпекулации дека Неимар би можел повторно да се соедини со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез, во Интер Мајами, со што повторно ќе се обедини познатото напаѓачко трио „МСН“.

Неимар играше за ПСЖ и Барселона пред неговата авантура во Ал Хилал и пристигнувањето во Сантос. Крилниот напаѓач освои сè што можеше да се освои на клупската сцена.

ИЗДВОЕНИ