
Еден дел од фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров ја пласираа и сензационалната вест дека најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, се обидува да ги осигура услугите на бразилската ѕвезда Неимар. Крилниот напаѓач моментално го носи дресот на матичниот клуб Сантос, но се погласни се информациите дека Неимар сака да се врати во Европа и да игра во Лигата на шампиони.