среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Неидентификувани дронови видени над клучната американска воздушна база во Германија

Неидентификувани дронови видени над клучната американска воздушна база во Германија

93

Неидентификувани беспилотни летала се забележани над американската воздухопловна база Рамштајн во Германија во последните недели, објави денеска весникот Шпигел, повикувајќи се на доверлив извештај на германските безбедносни агенции.

Според весникот, оваа појава предизвикала загриженост за безбедноста на таа клучна американска воена база во Европа.

Истрагата е во тек, а властите се обидуваат да ги проценат потенцијалните ризици поврзани со појавата на дронови над Рамштајн.

ИЗДВОЕНИ