„Неговата слабост имаше име – Ванда, таа беше подготвена…“

167

Лучијано Спалети е еден од најпознатите италијански стручњаци во фудбалската историја. Тој раководеше со голем број познати клубови, освојувајќи го Купот и Суперкупот на Италија со Рома и Серија А со Наполи во 2023 година.

Моментално е селектор на италијанската репрезентација, а неодамна објави и автобиографска книга со наслов „Рајот постои, но со колку труд?“.

Во него тој откри многу работи, меѓу кои и каква му беше врската со аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди со кого соработуваше две години, од 2017 до 2019 година.

„Мауро беше мојот капитен и клучен играч за Интер. Тој секогаш беше „предатор“ во шеснаесетникот и ја градевме играта околу него“, започна Спалети.

„Но, тој имаше една слабост и се викаше Ванда. Таа беше подготвена да ја сруши целата група, а јас не можев да го толерирам тоа. Беше невозможно да се реши ситуацијата со неа и со него. Немав избор, морав да му ја одземам капитенската лента и да му ја дадам на Хандановиќ“, додаде тој.

Недолго потоа Икарди ја замени Италија со Франција, односно го замени Интер со ПСЖ.

Во францускиот гигант остана три сезони пред да се пресели во редовите на турскиот суперлигаш Галатасарај.

Аргентинецот и денес игра за Галатасарај, а многумина мислат дека можел да постигне многу повеќе во кариерата, со оглед на квалитетот кој го поседува.

Икарди пред една година стави крај на врската со контроверзната Ванда Нара, која има нов дечко, познат пејач од Аргентина, додека Икарди е заљубен во познат фотомодел.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ