Полицијата во Краљњво, Србија, во вторникот уапсила 64-годишен маж под тежок сомнеж дека ја силувал 6-годишната ќерка на својата партнерка, пренесува Nova.rs.
Според несофицијални сознанија на Нова, страотниот случај во полиција не го пријавила мајката на девојчето, туку родителите на момчето на кое му се доверила жртвата. Осомничениот бил наводно во подолга врска со мајката на девојчето, која со детето живее сама во Краљево. Злоупотребата, како што се сомнева, се случила во нивниот стан, каде што мажот доаѓал повремено и преноќувал.
На осомничениот му е одредено задржување до 48 чаа и, заедно со кривична пријава, ќе биде приведен во Окружното јавно Обвинителство во Краљево.












