– Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање – наведуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на прашање колку лица имаат потреба од старски домови, а нема можности да бидат сместени и има ли листи на чекање.
Оттаму потврдуваат дека има потреба од вработувања во старските домови.
– Има недостиг од соодветен стручен кадар за опслужување на постоечките установи за сместување на стари лица од социјални работници, медицински сестри и негуватели – истакнуваат од Министерството
Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно време, повозрасните имаат потреба од згрижување во старски домови. Но, иако во државата постојат државни и приватни установи, а во најава се и нови, расте интересот за сместување во старски домови – потребен е дополнителен простор и кадар.
– Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање – наведуваат за МИА од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на прашање колку лица имаат потреба од старски домови, а нема можности да бидат сместени и има ли листи на чекање.
Оттаму потврдуваат дека има потреба од вработувања во старските домови.
– Има недостиг од соодветен стручен кадар за опслужување на постоечките установи за сместување на стари лица од социјални работници, медицински сестри и негуватели – истакнуваат од Министерството.
Вкупниот сместувачки капацитет во јавните установи е 676 легла. Покрај сместување на старите лица во јавни установи, сместување обезбедуваат и 38 приватни домови. Вкупниот сместувачки капацитет во приватни установи изнесува 1.609 легла. Од постоечките приватни установи за сместување стари лица, најголем дел се во Скопје.
Од Министерството потсетуваат дека како држава, располагаме со пет јавни установи за сместување стари лица: Геронтолошки завод „13 Ноември“, Оддел „Мајка Тереза“ – Скопје има капацитет од 111 легла, Дом за стари „Зафир Сајто“ – Куманово, 197 легла, а Дом за стари „Киро Крстески Платник“ – Прилеп, 150 легла, Дом за стари „Сју Рајдер“ – Битола располага со 150 легла, а општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица „Д-р Иван Влашки“ – Берово, има 67 легла.
Изминатата 2025 година било направено проширување на сместувачкиот капацитет во Берово за уште 28 корисници.
– Министерството има склучени договори за соработка со Општина Пробиштип за адаптација и пренамена на крило на Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Дом за стари лица, 54 корисници и Општина Кавадарци за изградба на дом за стари лица, 57 корисници. Со Општина Крива Паланка во постапка е издавање на одобрение за реконструкција, пренамена и адаптација на Ученички дом „Боро Менков“ во дом за стари лица, 20 корисници, откако општината ќе ги обезбеди потребните документи. Со Општина Кратово – изготвен е нов идеен проект за реконструкција на постоечки објект во дома за стари лица, 35 корисници, доставен е до Министерството за разгледување – информираа од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Оттаму нагласија дека секоја година, Министерството објавува јавен повик на кој може да аплицираат сите заинтересирани општини што имаат потреба за изградба, доградба, реконструкција и адаптација на објекти за воспоставување на услуги и зголемување на капацитетите кај постоечките даватели, вклучително и капацитети за престој на стари лица.
На прашањето, има ли проблеми при функционирањето на старските домови, кои се тие проблеми и како се надминуваат, од Министерството посочуваат дека установите за сместување на стари лица – јавни и приватни, се соочуваат со предизвикот на обезбедување соодветен стручен кадар: социјални работници, медицински сестри и негуватели потребни за непречено функционирање на објектите.
– Цените за сместување во јавни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица се движат од 10.900 денари до 25.800 денари во зависност од здравствената состојба на корисникот, споделуваат од Министерството.
Оттаму велат дека во државава, споредбено со регионот и светот со институционалното сместување во Република Македонија, се опфатени 0,5 проценти од вкупниот број стари лица, во однос на европските стандарди кои препорачуваат да бидат опфатени 3-5 отсто од старите лица.












