Неделна тура во околината на Мирковци и Глуво

102

Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“, в недела, ќе организира тура во околината на Мирковци и Глуво.  Патеката на движење е долга 10 километри, со висинска разлика од 200 метри и спаѓа во лесна тура. Стартот е предвиден во 10:30 часот од паркингот на елитниот етноресторан „Рибилимус“ во Глуво.

– Движењето ќе биде по асфалтниот пат кон црквата „Долни Свети Илија“, па ќе се продолжи кон „Свети Никола“ и назад до црквата „Пресвета Богородица“, па назад кон Глуво, до светата вода во чест на светите врачи Кузман и Дамјан. Потоа, преку „Света Недела“, се продолжува со искачување кон широкиот земјен пат кој оди кон крстот на Браждански рид и спуштање кон ознаката Глувовуд и надолу до црквата „Свети Атанасиј“, каде што ќе се направи поголема пауза. На крајот е спуштањето до црквата „Свети Никола“ и потоа враќање на стартот од турата пред елитниот етноресторан „Рибилимус“, каде што може да се ужива пред сè, со звуците на живата музика и храна по сопствен избор – соопштија од „Убавините на  Скопска Црна Гора“.

Оние што се заинтересирани можат да учествуваат на утринската литургија во манастирот „Долни Свети Илија“ која почнува во 08:00 часот.

 

ИЗДВОЕНИ