четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Неделава од дожд нема да куртулиме

Неделава од дожд нема да куртулиме

90

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде до крајот на оваа недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што прогнозира УХМР, процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, и до над 60 километри на час.
-Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на квадратен метар, информира Управата.

Во Скопје, до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.

ИЗДВОЕНИ