Неделава ќе се топи асфалтот, a потоа мал одмор од горештините со 10 степени помалку, велат балканските метеоролози

6567

Европејците се подготвуваат за најтоплиот јули досега. Метеоролозите предупредија дека топлинската купола го носи најинтензивниот топлотен бран годинава во Западна Европа. Во Франција се очекуваат температури до 43 степени, а ќе гори и на Балканот.

Кај нас, според прогнозите, најизразено „влијание“ куполата ќе има во четврток и во петок, на 3 и 4 јули, кога се очекуваат дневни максимуми околу 40 Целзиусови степени, најавува српскиот метеоролог Иван Ристиќ. Но, во неговата прогноза има и нешто оптимистичко – мало здивнување од екстремните температури. За „Блиц“ тој вели дека има шанси периодот од 7 до 14 јули да биде попријатен и да падне помало количество дожд.

– Засега, тоа е само навестување, забележува тој.

Како што објаснува, од 7 јули почнува слабеење на африканскиот антициклон и на топлинската купола, што ќе донесе одмор од тропските температури.

– Тоа слабеење ќе овозможи продор на свеж воздух, но и облаци и понекоја капка дожд, рече рече Ристиќ.

Според неговата прогноза, тогаш се очекува температурата да падне за 10 степени, а најмногу дожд да има во западниот дел.

– Дали ќе има повеќе или помалку дожд, ќе видиме, но по 40 степени од неделава, температурата ќе падне за околу 10 степени, па ќе се движи околу 30 степени, заклучи Ристиќ.

Метеорологот аматер Славко Чубрило, исто така од среда најавува тропски температури од 35 до 39 степени Целзиусови, но смета дека од следната недела се можни ретки грмежи во планинските подрачја на Босна и Херцеговина, а веќе од следниот петок поконкретна дестабилизација на атмосферата со грмежи и локални катастрофи.

– На крајот на следната недела, може малку да освежи со максимални температури од 25 до 32 степени Целзиусови, додека поконкретно заладување е можно околу 9 јули, вели Чубрило.

ИЗДВОЕНИ