понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАГАЗИН Неда Украден: За малку ќе се омажев за Македонец!

Неда Украден: За малку ќе се омажев за Македонец!

59

Седумдесет и петгодишната поп-пејачка Неда Украден, која постигна голем успех во текот на кариерата, со хитот „Зора је сванула“, искрено им се довери на новинарите, велејќи дека никогаш немала среќа во љубовта. Беше во брак со сараевскиот ТВ-режисер Милан Билбија, кого го запозна на 19 години. По десет години врска, се венчаа, а потоа ја добија ќерката Јелена. Со Милан бракот им траеше три години, сè до неговата смрт во 2013 година.

Па, сепак, еднаш и нејзе ѝ зазори. За малку ќе беше фатално. Неда ќе се омажеше за некој наш Македонец, кој не е од светот на естрадата, ниту е познат.

– Згоден, шармантен, духовит и мажествен е тој, мојот Македонец. Нормално дека го чувам неговиот идентитет, со оглед на тоа дека има големи деца, а и внуци. Го запознав во Грција, на летување и оттогаш сме во контакт. Не верував дека можам така лудо да се вљубам на овие години, ама, ете, се покажа дека можам. Убаво ни е, одлично се согласуваме речиси за сè. Мојот Македонец честопати беше на гости во мојата вила на Јадранското Море, во малото место Лепетани, а јас му бев гостинка во Охрид.

Во Лепетани, тој се запозна со моето потесно семејство. Моите внуци многу го сакаат. Јас за малку ќе се омажев за него. Но, не се случи тоа. Не, не ми треба повторно брак и мрак, како што се вели. Вака е подобро, врска без обврски – раскажува искрената пејачка, која не мирува на естрадната сцена.

Пред неа се пролет и лето исполнети со нови, многубројни концерти. Еден од нив е планиран за во Охрид. На него, во публиката ќе биде и тоа момче Македонче, новата љубов на популарната и се уште згодната пејачка, која секогаш е омилена кај нашата публика.  (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ