„Небото нема да биде мирно“: Руското примирје стапи на сила, Украинците нема да го почитуваат

330
EPA-EFE/MARIA SENOVILLA

Тридневниот прекин на огнот, прогласен од Русија, стапи на сила во четврток наутро, а небото над големите украински градови остана мирно по деновите на руски напади со беспилотни летала и балистички ракети.

Сепак, украинските воздухопловни сили соопштија дека по почетокот на прекинот на огнот, руските авиони двапати фрлиле наведувани бомби врз Сумската област, во северна Украина. Нема информации за штети, а Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие напади, пренесе Кликс.

Предупредувања и напади со дронови беа пријавени и рано наутро во четврток наутро во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.

Прекинот на огнот се совпаѓа со 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна и стапи на сила на полноќ по московско време (21:00 часот по Гринич). Како дел од одбележувањето, рускиот претседател Владимир Путин ги пречека кинескиот претседател Си Џинпинг и други светски лидери во Москва, а ќе присуствува и на воената парада на Црвениот плоштад на 9 мај.

Украина не се согласи да го почитува руското примирје, опишувајќи го како обид на Путин да создаде впечаток на желба за завршување на војната, која започна со руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Украина се залага за 30-дневно примирје.

Путин тврди дека „останува посветен на постигнувањето мир“. Оваа недела, Украина изврши серија напади со беспилотни летала врз Москва, што доведе до затворање на аеродромите во руската престолнина и приземјување на авиони.

ИЗДВОЕНИ