Небезбедните градилишта ја полнат црната статистика на МВР – работник од Бангладеш се заглавил во бетономешалка

90

Според последните достапни податоци на Македонското здружение за заштита при работа, во 2024 година имало вкупно 133 несреќи при работа, од кои 15 потешки несреќи на работното место, со фатални последици (четири се во градежништвото). За споредба, во 2023 година имало вкупно 93 несреќи при работа, од кои 15 потешки несреќи на работното место, со фатални последици, од кои седум во градежништвото. Црната статистика на несреќи во градежништвото продолжува и оваа година. Досега се евидентирани десетина потешки повреди, од кои една, во јануари, со смртни последици, кога работејќи на објект во кратовско село, се заглавил работник од Багладеш во машина за правење бетон и починал на самото место, од здобиените повреди. Работникот бил ангажиран без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедноста и здравјето при работа. Од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) постојано апелираат за почитување на Законот за безбедност и здравје при работа, бидејќи, во спротивно, се зголемуваат ризиците за повреда на работното место. Оттаму посочуваат дека е голем бројот на работници што работат на црно, за надница, за одредени работодавци.

– Законот за безбедност и здравје при работа не се почитува ниту во државниот ниту во приватниот сектор. Во јавниот сектор не се вршат редовни обуки и здравствени прегледи на работниците, а во  приватниот сектор не се набавуваат соодветни заштитна опрема и обувки за градежните работници. Според статистиката, во 2023 година, на работното место загинале 22 работника, а минатата година – 18. Целта не е да водиме црна статистика, туку да се преземаат активности на терен со кои ќе се избегнат повреди и жртви на работните места – потенцираат од СГИП

 

„Градежник тешко повреден работејќи на објект во Струмица“; „Јавното претпријатие ‘Нискоградба’ од Битола соопшти дека негов работник бил повреден на работа. Поради сериозноста на повредите, работникот е префрлен на скопските клиники“; „Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци“; „Повреден работник во Охрид, при работа на канализациска мрежа, му се урнал откоп од земја“; „Тешко повреден работник во неготински „Комуналец“ додека вршел работни задачи“; „Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско, управувал товарно возило ‘мерцедес’. Возилото се превртело, а работникот се здобил со тешки телесни повреди додека ја вршел работната задача“. Ова се само неколку случаи на повреди на работници оваа година додека ги извршувале работните задачи, а што можат да се видат во билтените на МВР.

Во земјава гинат и странски работници. Во јануари, работник од Багладеш работел на објект во кратовско село, се заглавил во машината за правење бетон и од здобиените повреди, починал на самото место. Работникот бил ангажиран без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедноста и здравјето при работа.

Според последните достапни податоци на Македонското здружение за заштита при работа, во 2024 година имало вкупно 133 несреќи при работа, од кои 15 потешки несреќи на работното место, со фатални последици (четири се во градежништвото и исто толку и во секторот транспорт и складирање). За споредба, во 2023 година имало вкупно 93 несреќи при работа, од кои 15 потешки несреќи на работното место, со фатални последици, од кои седум во градежништвото.

–  Според податоците што успеавме да ги прибереме и обработиме за 2024 година, 15 потешки несреќи на работното место биле со фатални последици. Следбено на овој број на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 2,45, што значи дека на 100.000 вработени, од двајца до тројца гинат на работното место. Во 2023 година, стапката на смртност изнесуваше 2,16, што значи дека е во благ пораст. Кога ќе се земат како параметар повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2024 година изнесува 16,76, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат 16-17 вработени. Споредбено со 2023 година, кога стапката на повреди при работа изнесуваше 13,42, тоа покажува дека стапката на повреди за 2024 е во пораст, но е многу помала од стапката на повреди при работа во 2022 година, кога изнесуваше 21,21 – се нотира во извештајот на Македонското здружение за заштита при работа.

Оттаму нагласуваат дека овие бројки за 2024 година треба да се земат со резерва, бидејќи се базираат на јавно објавени случаи во електронските и во печатените медиуми, како и комуницирани до нив и дека, во голема мера, не го отсликуваат вистинскиот број на потешки несреќи на работното место. Според последните објавени податоци од Државниот инспекторат за труд, во 2023 година имало 2.237 повредени вработени, што значи дека сме имале 323 повредени вработени на секои 100.000 вработени. На веб- сајтот на Државниот инспекторат за труд има податоци дека во првото полугодие од 2024 година (сè уште нема податоци за второто полугодие) биле извршени вкупно 11.510 инспекциски надзори, од кои 2.586 редовни, 2.734 контролни и 6.190 вонредни. Во овој шестмесечен извештај за јануари – јуни 2024 година имало евидентирано вкупно 2.622 неправилности.

Како најчесто посочени причини што доведуваат до несреќи на работа се: невниманието на работниците; неносењето заштитна опрема и средства при работа; неодговорниот однос на работодавците и на раководниот кадар во доследната примена на прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа; неизвршената проценка на ризикот; необученоста на работниците за безбедна работа; неизвршените здравствени прегледи на вработените; необезбедувањето безбеден работен простор…

Од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) постојано апелираат за почитување на Законот за безбедност и здравје при работа, бидејќи, во спротивно, се зголемуваат ризиците за повреда на работното место. Оттаму посочуваат дека е голем бројот на работници што работат на црно, за надница, за одредени работодавци.

– Законот за безбедност и здравје при работа не се почитува ниту во државниот ниту во приватниот сектор. Во јавниот сектор не се вршат редовни обуки и здравствени прегледи на работниците, а во приватниот сектор не се набавуваат соодветни заштитна опрема и обувки за градежните работници. Според статистиката, во 2023 година, на работното место загинале 22 работници, а минатата година – 18 жртви. Целта не е да водиме црна статистика, туку да се преземаат активности на терен со кои ќе се избегнат повреди и жртви на работните места – потенцираат од СГИП.

Според Меѓународната организација на трудот, 4 проценти од БДП во сиромашните земји оди за компензација на повредите на работниците.

– Споредено со Македонија, директните загуби што ги трпи државата се над 400 милион евра, фрапантен број, кој нашата кревка економија не смее и не може да си го дозволи. Да не заборавиме дека несреќите при работа може да се спречат, но од суштинско значење е да се научат лекциите како да не дојде до нив. Во 2024 година имавме многу активности, пред сè на регионално ниво и најмногу на подигање на свеста на јавноста. Студиските посети во европските земји ни покажаа дека сето она што го работиме нè води на вистинскиот пат и дека само со заеднички сили ќе ги постигнеме нашите цели. Се надеваме дека и со ова ќе ги поттикнеме сите да разберат дека не треба да има компромис со заштитата при работа – вели Петар Наумовски, претседател на Македонското здружение за заштита при работа.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ