
Белгискиот велосипедист Ремко Евенепул се повлече од годинашното издание на Тур де Франс и покрај тоа што беше рангиран на третото место во генералниот пласман. Многумина веруваа дека неговиот тим требаше да го убеди да продолжи на 15. етапа од трката, сепак тој изјави дека се соочува со проблеми уште од 14. етапа.
– Не знам зошто се чувствувам вака. Да имаш лош ден одвреме-навреме не е ништо невообичаено. Но, три лоши дена по ред – едноставно не е нешто нормално за мене. Можеби, нешто не е во ред со моето тело. Ќе мора да испитаме и да видиме што ќе се случи – изјави тој.
Тој уште на крајот од минатата недела се мачеше на планинскиот дел од трката, а дополнително беше демотивиран од престигнувањето на ривалот Јонас Вингегард.
– Едноставно, не можев да тренирам. Не можев да издржам никаков интензитет. Моето тело, едноставно, не е во доволно добра форма оваа година, сè може да биде во прашање… не би можел да издвојам една работа – додаде тој.